-->
-->
ВМРО-ДПМНE: Како дојдовме до тоа “маргиналците“ од Бугарија да станат тема на Совет за безбедност
-->
Односите меѓу Македонија и Бугарија никогаш не биле полоши. Дојде ред на толку потпишани договори, анекси, протоколи и слично, односите меѓу двете земји да бидат тема на Советот за безбедност и да дојде спуштање на нивото на дипломатските односи. Тоа е резултат на попустливоста на власта на СДС и ДУИ, што пак е последица на криминогеноста на нејзините функционери.
Ковачевски и Пендаровски и должат одговори на македонската јавност како дојде до оваа студена дипломатска војна? Како дојде до тоа “маргиналните“ ликови од Бугарија да станат тема на Совет за безбедност во Македонија? Што работат нашите служби во насока на спречување на тие, како што вели Пендаровски структури од Бугарија под инструкции на странска служба?
Пендаровски и Ковачевски не треба да глумат изненадени. Овие структури, политичари и навреди кои тие ги упатуваат кон Македонија и македонскиот народ не се од вчера, само што нашите власти не превземаа ништо тоа да го спречат и да ги заштитат националните и државните интереси.
Со кусогледоста, аматерскиот пристап во дипломатијата и со дебелиот криминален багаж кој што оваа власт на СДС и ДУИ го има очигледно се загрозува Македонија. Нивната килавост раѓа нови и нови понижувања за Македонија.
Ова мора да се смени. Понижувањата на Македонија мора да престанат. Оваа власт мора да замине.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Принцот Хари ја изгуби правната битка со британската влада околу полициска заштита
-
На Табановце зголемена фреквенција на возила за влез и излез од државата
-
Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
-
Дисциплинска комисија на ФФМ: Одземени 9 бода на ФК Гостивар и десет натпревари забрана за настап на свој терен
-
САД се повлекуваат од посредништвото во мировните преговори меѓу Украина и Русија
-
Приведен 32-годишен криминалец од Скопје баран со потерница за затворска казна од две години
-
Кривична против полициски службеници од сообраќајна патрола во Скопје за „попречување на правдата“
-
Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари