Македонија
21. February 2016 - 18:33

ВМРО-ДПМНЕ ја прекинува соработката со Ван Хауте

ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да престане да соработува со посредникот Питер Ван Хауте. Како што соопшти попладнево, одлуката базира на неговите навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и претставниците на партијата кои учествуваа во преговорите, како и континуираните омаловажувања кон народот и Република Македонија.

- ВМРO-ДПМНЕ долго време го толерираше неговото несоодветно однесување, делумно и заради фактот што после секоја изречена навреда или омалуважување, Ван Хауте се извинуваше како маче. За жал веднаш по барањето да му биде простено, следеа нови испади и нови навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните, наведува ВМРО-ДПМНЕ

Од овие причини, како што додава партијата, веќе нема да учествува на состаноци на кои ќе присуствува и Питер Ван Хауте.

- Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, Питер Ван Хауте од денеска е турист во земјава и може да му препорачаме да го посети Музејот на македонската револуционерна борба, стои во соопштението од партијата.