ВМРО-ДПМНЕ: Индикаторот на економско расположение покажува дека македонската економија е најлоша во регионот
Стопанствениците и работниците во Македонија немаат доверба во економските политики на владата на Заев. Оваа влада е најлоша за бизнис секторот и работниците.
Економското расположение во Македонија во март 2021 година е најниско во Европа. Тоа го покажуваат податоците од индикаторот за економско расположение (ESI – economic sentiment indicator) којшто го изработува Генералниот директорат за економски и финансиски прашања на Европската комисија. Неговата цел е да го следи растот на БДП на земјите-членки, на ниво на ЕУ и еврозоната, и на земјите кандидат - членки.
Според индикаторите, ударот на кризата во март и април 2020 година врз економското расположение на бизнисот и населението бил најнизок во Македонија во споредба со сите земји од регионот. Тоа значи дека владата целосно потфрлила во целост.
Индикаторите на економско расположение покажуваат дека и мерките за помош на економијата се промашени. Имено Македонија е најлоша на полето на враќање на довербата во економијата. Ова јасно укажува на неуспешни економски политики од страна на Владата кои не можат да креираат околина за заживување на економијата. Фијаското во здравствената и економската политика од почетокот на кризата испаднаа на површина.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Макрон го поддржа планот на Бајден за прекин на огнот во Газа
-
Калас: Естонија нема план „Б“ доколку Украина ја загуби војната
-
Тајани: Одлуката на Шолц за употреба на оружјето на руска територија може да доведе до Трета светска војна
-
Пребројување министерски места
-
Орбан: Мора да спречиме Европа да влезе во војна со Русија
-
"Марш за живот" во Тирана против предлог-законот "Сексуален живот и репродукција"
-
Тепачка меѓу затвореници во Идризово
-
Зеленски: Намерата на Трамп со отстапки да ја заврши војната во Украина може да биде опасна