ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на избори ќе ги поразат црнилата на оваа власт
Нема крај на понижувањата кои СДСМ му ги сервира на македонскиот народ. Писма, уставни измени, капитулантски договори со кои дел по дел аболицираниот Заев се откажува од се што е македонско, македонското вековно име, јазик, историја, култура. Заев го реализира до крај идентитетскиот атентат врз македонскиот народ, преку менување на уставниот карактер на државата и со Законот за двојазичност.
Се што кажа Заев, излажа, а се што вети заборави.
Заради неговите концесии, спротивно на волјата на повеќе од милион граѓани, со закани и уцени, спроведена е промената на уставното име. Благодарение на истите негови хипотеки и концесии Заев сега спроведува двојазичност на целата територија на Република Македонија.
За само две години владеење со Македонија Заев успеа да натера повеќе од 70 проценти од граѓаните да сакаат да ја напуштат својата татковина, своите родни огништа и фамилии.
Илјадниците граѓани кои побегнаа како резултат на криминалната и одродената власт предводена од аболицираниот Заев, доколку сега се вратат во државата нема да можат да ја препознаат својата држава. Нема да можат да ја препознаат државата од црнилата во кои е завиена, од црнилата олицетворени во одродената и криминална власт на аболицираниот Заев.
Граѓаните ја бараат зората, граѓаните бараат предвремени парламентарни избори на кои ќе го нанесат финалниот пораз на Зоран Заев и СДСМ, избори на кои ќе ги поразат црнилата. Зората ќе дојде, сонце пак ќе ја огрее нашата татковина, Република Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога