ВМРО-ДПМНЕ: Фиксно намалување за 50 проценти на акцизата за горивата за помош на стопанството
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се стави на седница законот за намалување на акцизите на енергентите кој што го поднесовме по итна постапка.
Бараме фиксно намалување за 50% на акцизата за дизел горивата и бензинот.
По новото зголемување на цената на нафтата на меѓународните пазари од 122 долари за барел се соочуваме со повторно зголемување на цените на дизел горивото и сега се гледа дека моделот на Владата за намалување на акцизата нема никаков ефект.
Денес, бензиските пумпи нафтата ја земаат за 83 денари, а ја продаваат за 81 денар, што значи дека работат со загуби но исто така ова зголемување дополнително ги оптеретува и граѓаните.
Сметаме дека наместо Владата да излегува со некакви паушални компарации со други земји од регионот и да убедува како сме плаќале најевтино гориво, а притоа не ја зема во предвид куповната моќ на граѓаните и животниот стандарт, да го прифатат овој закон кој што гарантирано ќе влијае за намалување на цената на енергентите.
Со овој закон за фиксно намалување на акцизата за 50% ќе му се помогне на стопанството, а со самото тоа и на граѓаните. Дополнително, пониска акциза значи помош за транспортниот сектор, а со тоа и превенирање од повисоки цени на производите во маркетите, такси превозот, меѓуградскиот превоз и други области кои се поврзани со транспортни трошоци.
Бране Петрушевски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ
Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Чешкиот „Блек Хок“ слета на аеродромот Скопје
-
Пронајдено телото на 16-годишната Теодора
-
Трамп: Русија ќе се соочи со нови санкции од САД доколку не ја заврши војната во Украина за 10 дена
-
Активни три пожари на отворен простор од вкупно 20 пожари
-
Создадовме болид со кој ќе се тркаме на светски трки | Ненад и Димитар | Sitel Podcast 106
-
ЕУ планира да замрзне дел од средствата за Украина додека не завршат реформите
-
Муцунски: Генерален конзулат во Корча - затоа што грижата за Македонците во Албанија се мери со дела
-
Од 1 септември нови мерки најавува Вучиќ „за луѓето, особено за средната класа и посиромашни“