-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Димитров да си поднесе итна и неотповиклива оставка
-->
Политичар кој се срами од сопствениот народ не смее да има никаква функција.
Политичар кој го нарече својот народ искомплексиран, нема никакво право да биде министер за надворешни работи. Никола Димитров треба да си поднесе итна и неотповиклива оставка.
Никола Димитров нема легитимитет да ја претставува државата во странство. Никола Димитров работи на штета на државниот и националните интереси.
Доколку СДСМ смета дека Никола Димитров ужива поддршка кај граѓаните, нека распише веднаш предвремени парламентарни избори и нека излезе со ветување дека истиот ќе биде министер за надворешни работи и тогаш ќе го добие одговорот од граѓаните дали тие се согласуваат со дораспродавање на она што останало.
Нека излезе СДСМ предвремени парламентарни избори со Никола Димитров и нека бара поддршка за промената на името која ја направија.
Граѓаните не ги поддржуваат недржавните политики на Димитров и СДСМ, а тоа СДСМ ќе го види на предвремените парламентарни избори, доколку има храброст да ги распише.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи