ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски сузбива диви продавачи на марули, а криминалци не се дел од мерките на полицијата?
Со Оливер Спасовски на чело на МВР, Македонија се претвори во башибозлук. Беззаконието владее, криминалците и мафијашите хараат, полицијата е нем сведок, а не ретко и им дава заштита на оние кои го кршат законот. Затоа во Македонија се случуваат ликвидации среде Скопје, затоа дилери се фотографираат со функционери од власта, а мафијаши се сликаат во кабинети.
Спасовски бега од јавноста и не дава одговори, иако е најповикан за ваквата ситуација во државата. Тој треба да одговори дали е извршен претрес во домот на пријателот на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски кого целата јавност го виде како пука со калашников?
Спасовски треба да каже како лице кое има криминален беграунд и е дел од листата за проверки “Безбеден Град“ добило дозвола за пиштол?
Спасовски треба да одговори дали има повратници од боиштата во Сирија и Ирак кои биле дел од ИСИС и АЛ-КАЕДА кои не се дел од листата Безбеден град? Дали Спасовски е свесен дека ваквите лица може да се сериозна закана за безбедноста? Дали и членови од нарко бандите во Скопје, намерно се испуштени од оваа листа, затоа што некому во полицијата тоа му одговара така?
Дали Спасовски сузбива диви продавачи на марули на пазари и апси лица со воздушни пушки, а сериозни криминалци не се дел од мерките на полицијата? Што уште треба да се случи овој човек да си поднесе оставка?
Ново на Сител
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти
-
На ГП „Блато" приведен 20-годишен албански државјанин баран од Интерпол Норвешка
-
Косовец на ГП Долно Блаце пробал да подмити полицаец со банкнота од 10 евра
-
Потврди за неосудуваност достапни на порталот uslugi.gov.mk, најавени нови е-услуги за граѓаните
-
ЈО: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар
-
Уапсен кичевчанец, возел со 2,04 промили алкохол во крвта