ВМРО-ДПМНЕ: Цената на водата во регионот за четири пати поскапа од Скопје

Во Скопје цената за испорачана вода за домаќинствата е 17,25 денари. Поевтина вода на територијата на Македонија има само во Вевчани и Демир Хисар, а во сите останати градови цената е многу поголема. На пример во Струмица цената е 31,2 денари. Ова денеска го изјави Александар Бичиклиски, советник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Град Скопје, како реакција на денешната прес-конференција на советничката група на СДСМ.
- Во сите останати градови од поранешна Југославија и од Балканот, цената на водата е за два, три, а некаде и за четири пати поскапа од цената на водата која ја користат граѓаните на Скопје. Можеме да споредиме и колку е наплатата на водата во регионот. Граѓаните во Република Македонија во споредба со многу европски држави плаќаат најевтина вода за пиење, потенцира Бичиклиски.
За тоа дека дека Рудници Железарница користи вода која не ја плаќа, потсети на одлуката донесена на Советот во која, како што рече, сите се согласивме дека треба да се испита и да се добие информација за тоа каков е тој договор направен со Рудници Железарница во 1971 година.
- Не станува воопшто тука тема на разговор дека ВМРО-ДПМНЕ е против наплатата на вода, туку ВМРО-ДПМНЕ ги почитува сите законски и правни акти, донесовме одлука на Советот, ја чекаме информацијата и кога ќе ја добиеме ќе постапиме по неа, нагласи Бичиклиски.
Ново на Сител
-

Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е намалување во однос на претходниот ден
-

Пијан велешанец ја нападнал мајка си и ѝ го скршил мобилниот телефон
-

26-годишник живеел во вонбрачна заедница и силувал малолетно девојче повеќе од една година
-

Сообраќајка помеѓу 4 автобили во Скопје, повредени повеќе лица
-

Штрајк на грчките цариници во понеделник, товарниот сообраќај во прекин
-

Муцунски: Нема информации за закани кон Македонија поради поддршката на американските операции во Заливот
-

Трамп се закани со сериозна воена одмазда против Иран и Хутите како негови сојузници
-

Кавадарчанец осомничен дека измамил кумановка за 9.000 евра со ветување за странски пасош | ФОТО
