ВМРО-ДПМНЕ: Царовска без концепт како ќе се одвива учебната година
Две недели пред почетокот на учебната година, а Царовска се уште без концепт како ќе се одвива учебната година.
Оваа изгубена власт повторно неспремна и без идеја како да ја спроведе учебната година. Учениците, родителите и наставниците на само 15-тина дена до стартот на годината не знаат на каков начин истата ќе се спроведува.
Нудат некакви си концепти, наместо веќе да беа подготвени. Дали тоа ќе значи уште една изгубена година во образованието, хаос и менување на плановите од месец во месец.
Родителите не знаат дали нивните деца ќе тргнат на училиште, наставниците не знаат на каков начин ќе предаваат. Повторно тотален хаос.
Јавноста, но и родителите и учениците ги немаат видено електронските учебници, ниту знаат како ќе учат учениците од прво и четврто одделение според Концепцијата за реформи во образованието на Мила Царовска. Како наставниците и учениците од прво и четврто одделение на само две недели пред учебната година ќе се подготват за одржување на електронското учење.
Каде се дигиталните уреди кои помпезно ги најавуваа Мила Царовска и Зоран Заев за учениците од прво и четврто одделение?
Но нема ниту учебници за останатите одделенија, нема ниту учебници во електронска или печатена верзија и за средношколците.
Учебната година штотуку не започнала, а учениците се уште ги немаат добиено сведителствата од претходната година.
Заради неспособноста на Царовска и оваа година ќе започне со тотален хаос или со повторно одложување на стартот на учебната година.
Толку од успешните реформи на Царовска. За целосниот хаос изминативе четири години во образование Мила Царовска ќе мора да понесе одговорност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Клековски: Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три
-

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје
-

Kривична пријава за двајца вработени во Брзата помош во Тетово – не испратиле екипа за повредено лице
-

Сведоци на одбраната: Полицијата била пред дискотеката и помагала по пожарот во „Пулс“
-

Скопје ќе се украси до 15 декември – елка од 13 метри и новогодишни декорации за околу 73.000 евра
-

Македонските „Тигри“ меѓу десетте најдобри на меѓународен снајперски натпревар во Турција | ФОТО
-

ЕУ отвори истрага против Booking.com поради лажни огласи и измами – се заканува казна до 6% од глобалниот промет
-

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ
