Влошената епидемиолошка состојба во гевгелиско ќе ја контролираат и патролни групи
Општинскиот кризен штаб, во проширен состав, констатираше влошување на епидемиолошката состојба предизвикана од пандемијата на Ковид-19, поради што наложи од денеска, покрај задолжените институции и субјекти, примената на мерките за заштита да ги контролираат и патролни групи.
Во прилог на констатацијата беше речено дека во првото тримесечие од пандемијата во општина Гевгелија биле регистрирани само четири заболени лица, во второто тримесечие 36, а само за половина од третото тримесечие, поточно во октомври позитивни се 286 лица.
-Ваквите алармантни резултати се застрашувачки ако се има во предвид дека расте бројот на заразени под 50 годишна возраст и дека од дневно тестираните 30 пациенти скоро 90 отсто се позитивни. Без омнение ова зборува за широка распространетост на вирусот на овие протори и дека не може да стане збор за кластери туку само за недисциплина на граѓаните, пред се на младите, рече епидемиологот Сашко Олумчев.
Поради влошената епидемиолошка состојба, Општинскиот кризен штаб повика на целосна мобилизираност и засилена контрола за примена на донесените заклучоци, заштитни мерки и протоколи со акцент да се избегнуваат собирања на поголем број луѓе на исто место.
Општинскиот кризен штаб, со кого заседаваше градоналачникот Сашо Поцков, заклучи да се интензивира превентивната информираност на младите за реалната закана од подмолниот вирус преку изработка на посебен флаер и побара засилена контрола на игралиштата во училишните дворови кои се место за собирање на младите.
Во состав на патролните групи,кои со теренски контроли почнуваат од денеска,влегуваат и членови од Советот на општина Гевгелија.
Ново на Сител
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата
-
Обид за убиство на политичар во северно Косово, од партијата велат дека се вмешани Белград и Радоичиќ
-
Единаесетти парламентарни избори, се кандидирале 1002 мажи и 753 жени
-
Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа