-->
-->
Влатко Ѓорчев: СДСМ треба да биде прогласен за злосторничко здружение
-->

Токму против СДСМ потребно е да се покрене постапка за прогласување на злосторничко здружение, затоа што за време на своето владеење, преку своеволно носење на закони, го овозможи и спроведе најголемиот грабеж на македонскиот народ и граѓаните на Македонија во историјата на оваа држава, а тоа е криминалната приватизација преку која се приграби капитал во вредност од над 5 милјиарди евра, се отпуштија од работа преку 200 илјади работници во сите македонски градови и села, а мал број на директори блиски до раководството на СДСМ станаа милионери и олигарси на грбот на народот и работниците, напиша на својот ФБ профил пратеникот Влатко Ѓорчев.
Пратеникот Влатко Ѓорчев на својот фејсбук профил остро ги нападна СДСМ и НСДП кои повторно излегоа со својот очаен и единствен план за победа на изборите според кој на ВМРО-ДПМНЕ требало да му се забрани учеството на истите.
На ваквите срамни „влажни соништа“ на СДСМ, Ѓорчев жестоко одговори потсетувајќи ги граѓаните дека токму СДСМ треба да биде прогласена за злосторничко здружување поради нивното деструктивно дејство низ историјата на Македонија.
„Токму против СДСМ потребно е да се покрене постапка за прогласување на злосторничко здружение, затоа што за време на своето владеење, преку своеволно носење на закони, го овозможи и спроведе најголемиот грабеж на македонскиот народ и граѓаните на Македонија во историјата на оваа држава, а тоа е криминалната приватизација преку која се приграби капитал во вредност од над 5 милјиарди евра, се отпуштија од работа преку 200 илјади работници во сите македонски градови и села, а мал број на директори блиски до раководството на СДСМ станаа милионери и олигарси на грбот на народот и работниците.“, вели Ѓорчев во својот статус.
Тој го додава и следното: „Тоа не е единствениот грабеж кој оваа партија со своето делување го направи на Македонија. Покрај криминалите на нивниот премиер Бучковски при набавката на тенковските делови, масовното богатење, преку масовното делење тендери на своето пошироко семејство на актуелниот претседател на СДСМ, неговото барање мито и корупција од бизнисмените како што беше во случајот „Поткуп“, како и криминалите при градбата на „Глобал“ во Струмица, фамозните зделки со Мајкрософт на Шеќеринска и цела низа на афери, тука е и грабежот со пирамидалната штедилница на ТАТ при кој се ограбија парите на 13.000 штедачи кои со труд и пот работеле со години и децении да ги заработат своите заштеди, а притоа овој грабеж предизвика повеќе од 100 самоубиства и неброени семејни драми, хронични заболувања и уништени животи.“
„Жртвите на криминалната приватизација и жртвите на грабежот во „ТАТ“, „Алфа С“ и „Лавци“ и другите штедилници, жртвите приватни бизнисмени од кои е баран поткуп, жртвите на транзицијата и приватизација се живи сведоци кои во судскиот процес ќе посведочат за ова злосторничко здружение кое низ годините се задскрива зад името СДСМ“, завршува пратеникот Ѓорчев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
