Владата ги усвои измените за цените на лекување во приватните клиники, на потег Собранието
Владата синоќа ги усвои измените на Законот за здравствена заштита со кои ќе се регулираат цените во приватните болници за хоспитализација на болните од Ковид-19.
Со нив и се дава законско овластување на Владата да определува највисоки цени во приватните болници во висина на референтните цени утврдени од страна на Фондот за здравствено осигурување со цел услугите на приватните клиники да бидат економски подостапни до граѓаните.
Предвидено е и користење на ресурсите на приватните болници доколку условите го наложуваат тоа согласно состојбата предизвикана од пандемијата и се забранува преземање на здравствените работници од јавното здравство од страна на приватните здравствени компании. Предвидени се и измени во делот на глобите за прекршоци доколку приватните здравствени установи не постапуваат согласно законските одредби.
Измените треба да ги усвои Собранието, а министерот за здравство Венко Филипче, кој вчера прв ги најави овие измени, апелираше до пратениците да дадат поддршка на оваа законска регулатива.
– Ги повикувам сите пратеници во Собранието да дадат поддршка на оваа регулација на цените за здравствени услуги на ковид-пациенти во приватните болници. Во време на пандемија од клучна важност е пратениците да го изгласаат оваа законско решение со кое цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски издржливи за сите граѓани, напиша Филипче на Фејсбук.
Вчера повторно беше регистрирана бројка од над илјада новозаболени. Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие се пријавени нови 1.152 случаи од направени 4.045 тестирања што е 28 проценти. Починати се 27 лица на возраст од 54 до 82 години.
Ново на Сител
-
Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите, но нема да го сторите тоа
-
Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна
-
ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд
-
Путин одржа состанок за поплавите и пожарите во Русија
-
Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија
-
Израелската војска соопшти дека пронашла тело на уште еден заложник во Појасот Газа
-
Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа
-
Украина побарала помош од САД за напади на територијата на Русија