Бизнис
5. December 2023 - 16:32

Владата да се произнесе дали ќе им даде концесија на Еуромакс Ресоурсис, бара менаџментот

Владата што поскоро да се произнесе за судбината на рудникот за бакар, Иловица Штука, бараат првите луѓе на Еуромакс Ресурсес. Тврдат дека во експлоатацијата нема да користат  цијанид, ќе изградат нов водовод за да има сигурност во снабдувањето со вода за жителите од струмичко и ќе инвестираат во обновливи извори на енергија. За активистите кои  се против изградба на рудник, менаџментот уверува – загадување нема да има, туку само придобивки – ќе се отворат нови работни места и ќе има високи плати за  вработените. Се жалат дека премногу долго чекаат одговор од власта – ако не го добијат – правдата ќе ја бараат пред арбитажните судови.

Очекуваме соодветна одлука од надлежните, Пртемногу долго е заглевен проектот. Треба да се одлучат – или регионот ќе добие мега инвестриција или ќе бидеме принудени да бараме други правни мерки. Оваа неизвеснот не смее да продолжи, изјави Тимоти Морган Вин, претседател на Одбот на директори и главен извршен директор на Еуромакс Ресоурцес ЛТД.

Почетокот на јули  владата одлучи да им ги спои концесиите , односно им даде комбинирана концесија – едната за ископ и  другата за екполатација на бакар  и злато, по што следуваа протести од активистите за заштита на животна средина,  кои добија поддршка од министерките Шукова и Тренчевска. По неколку дена владата  ја повлече  одлуката за спојување на концесиите и  постапката се врати на почетокот. Затоа  сега  со нови студии и докази кои потврдуваат дека не загадуваат, Еуромакс  бараат издавање нова, споена концесија – за ископ и екплоатација .  Најавуваат инвестиција од 340 милиони евра, 1,000 вработувања во фаза на изградба на рудникот и  уште 500  кога ќе почне со работа., што би била една од најголемите инвестиции во државата.