Влада: Република Илинденска Македонија е име со временска одредница кое ги задоволува двете страни
Република Илинденска Македонија е име со временска одредница кое се повикува на конкретни датуми од минатото и е реална можност за компромис кој ги задоволува двете страни. Очекуваме дека предлогот ќе биде разбран и ќе најде поширока поддршка во Атина, соопшти денеска македонската Влада.
- Со ова име, правиме целосно разграничување со регионот Македонија во Грција. Разграничување од секој аспект. Илинденското востание е заедничка борба на нашиот мултиетнички народ за социјални права и слободи. И нема никакви територијални аспирации према ниту една соседна земја, вклучително и Грција. Тоа е истата борба, и во 1903 и во 1944 година, се наведува во соопштението на Владата.
Се додава дека Република Македонија и граѓаните немаат никакви територијални претензии и ги потврдуваат неменливоста на границите и почитувањето на наследството на грчкиот народ и Грција.
- Владата на Република Македонија ќе ги продолжи разговорите со Владата на Република Грција се до изнаоѓање дефинитивно решение на 25-годишниот спор. Никогаш не сме биле поблиску до решение, а пријателството меѓу двете земји и двата народи никогаш не било поголемо. Ќе ги вложиме сите напори да извлечеме максимум од овој позитивен историски момент за двете држави, наведува Владата на РМ.
Ново на Сител
-
22-годишник од Велес со бензин запалил паркирано „ауди“
-
Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино
-
Манчестер јунајтед планира да изгради нов стадион
-
Лишени од слобода 11 лица, злоупотреба на службена положба и перење пари
-
Таравари: Нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“
-
Вработените во РТС им се обратија на студентите и ги повикаа колегите да излезат надвор
-
Полска уапси Украинка осудена за продажба на 56 бубрези
-
Променливо и нестабилно време со повремен дожд во наредните денови