Влада: Ќе се плаќаат прекувремените часови и работата во недела
Владата доцна попладнево се огласи со став дека овие измени се легитимни и ќе важат само за работниците на Коридорите 8 и 10Д за што ќе добиваат надоместок од 50% повеќе за секој час работа во недела како и за останатите прекувремени саати.
Владата сепак негира дека ако законот не се усвои ќе следуваат милионски пенали и тврди дека всушност ќе го плаќаме дополнителното време кое конзорциумот ќе го помине во изведба на автопатиштата.
Ја демантираме шпекулацијата дека се предвидени пенали за државата доколку не се донесе пакетот закони во собранието. Согласно обврските во случениот договор, изведувачот може да работи во услови во кои важат постоечките одредби од законските решенија врзани со израдбата на коридор 8 и 10Д, но во тој случај рокот за изведба би бил подолг од 5 години. Во овој случај државата ќе има обврска да ги исплаќа трошоците за изградба во дополнителните години градежни работи, што во краен случај, државата и граѓаните ќе ги чини повеќе средства. Воедно, согласно договорот, доколку се направат законските измени, изведувачот се обврзува да ги заврши сите градежни работи во рок од 4 години и 7 месеци, што ќе претставува рекордно време за завршени градежни работи, особено за стратешки проект од огромна важност како што е овој. Изведувачот, согласно договорот се обврзува на овој рок за изработка во услови кога државата овозможува делумни измени во неколку закони, меѓу кои и законот за работни односи, притоа почитувајќи ги постоечките законски решенија и уставното уредување соопштија од Владата.
Ново на Сител
-

МВР: Расчистен случајот со опасно управување скутер во Штип | ВИДЕО
-

Автобус се запали на автопатот Велес-Скопје
-

Димитриеска Кочоска на ФБ: Намалувањето на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто ќе важи до 1 јуни
-

Истрага за осомничен за продажба на кокаин во Тетово
-

ЈОРСМ: Предложен притвор за телесна повреда при семејно насилство во Скопје
-

ФФМ упати осуда за навредливо и недолично однесување на ФК Вардар
-

Кривична за малолетничка од Кочани која психички вознемирувала дете
-

Сообраќајка помеѓу два електрични тротинети во Скопје управувани од 62-годишна жена и малолетник
