Свет
23. May 2022 - 18:26

Висок украински разузнавач тврди дека бил извршен обид за атентат врз Путин

Високиот украински разузнавач Кирило Буданов тврди дека бил извршен обид за атентат врз рускиот претседател Владимир Путин.

Обидот за атентат бил извршен во февруари.

Тој рече дека рускиот претседател бил нападнат од претставници од Кавкаскиот Регион, кој се наоѓа меѓу Црното и Каспиското Море. Сепак, како што наведува, досега не се презентирани докази.

„Ова е информација што не е јавна. Тоа беше апсолутно неуспешен обид, но навистина се случи. Тоа беше пред околу два месеца. Немаше публицитет за овој настан, но се случи“, рече Буданов.