Викиликс објави електронска пошта на директорот на ЦИА

Викиликс денеска објави материјали кои содржат приватни електронски писма на директорот на ЦИА Џон Бренан.
Материјалот од маилот на Бренан го добил хакер, ученик во средно училиште, кој се противи на начинот на кој се води американската надворешна политика. Тој рече дека се претставил како еден од вработените во американската компанија Веризон, еден од најголемите американски провајдери на безжични телекомуникациски услуги и успеал да измами еден од вработените и да ги добие личните податоци на Бренан.
Засега се верува дека не е компромитирана некоја безбедносна информација од национално значење, а откриени се бројот на социјалното осигурување на сопругата на Бренан и имиња на луѓе со кои работел во ЦИА.
Шифрата која е откриена датира од времето пред Бренан да почне да работи како советник за борба против тероризмот во Белата куќа. Меѓу објавените документи се и прашалник, пополнет од Бренан кога се кандидирал за функција во администрацијата на Барак Обама, меморандум до Обама за Иран и писмо од сенатор за користењето мачење при распид на осомничени терористи, посочува германската агенција ДПА.
Хакерот-тинејџер неделава со јавил во „Њујорк пост“ и соопштил дека ја пробил сметката на Бренан во АОЛ, како и електронската пошта на министерот за внатрешна безбедност Џеј Џонсон.
Централната разузнавачка агенција го осуди хакерскиот напад на личната пошта на директорот Бренан. „Нема никакви индикации дека досега објавените документи се доверливи“, се наведува во соопштението од ЦИА. Пробивот во поштата на семејството Бренан е злонамерна активност. Тоа може да се случи секому и тоа треба да биде осудено, а не пофалено“, се наведува во соопштението, цитирано од ДПА.
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
