Викенд временска прогноза

До крајот на денов во нашата држава ќе имаме претежно облачно време а од запад уште во текот на претпладнево ќе започнат врнежи од дожд. Во текот на денов врнежите ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат поинтензивни (над 20 л/м2), на планините врнежите ќе бидат од снег каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка. Во вечерните часови услови за повремени врнежи од снег ќе има и на повисоките места (над 1100 м.н.в). Ќе дува умерен ветер од јужен и од југоисточен правец кој повремено на некои места ќе засилува на интензитет, во вечерните часови ветерот ќе го промени правецот во северен. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени, информира Славчо Попоски.
Потоа во текот на утрешниот ден локално се уште ќе има малку повеќе облаци, а ќе дува и умерен, на некои места засилен ветер од северен правец, во недела времето пак ќе биде претежно сончево. Наутро температурите на воздухот на многу места ќе се спуштаат не многу под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени, малку потопло се очекува да биде во крајните југоисточни предели.
Стабилно, суво и сончево време ќе имаме и на почетокот од следната недела, максималните дневни температури на воздухот на многу места ќе се искачуваат над 10 степени. Во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури до околу 20 степени и истите ќе бидат над просекот за овој дел од годината. Сето ова ќе биде поради влијанието на значително потоплата воздушна маса од југ.
Ново на Сител
-

Македонија го празнува 11 Октомври - 85 години од народното востание
-

Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
-

Трамп удри по CNN, NBC и други телевизиски гиганти, истрага поради бојкот на Белата куќа
-

Во Претор најмногу врнежи, најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Трамп: Путин сака мировен договор, а Зеленски – не
-

Најмалку 12 загинати и стотици повредени во нападот врз аеродромот во Ријад, осуда од САД и ОН
-

Товарен воз излета од шините кај Риека, 11 вагони завршија во провалија
-

Поменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
