Вицепремиерот Маричиќ го пречека премиерот на Ирска, Лео Варадкар
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ го пречека премиерот на Ирска, Лео Варадкар, кој од попладнево е во посета на земјава.
-Денес му посакав добредојде во Скопје на премиерот на Ирска, Лео Варадкар. Премиерот Варадкар е во посета на Северна Македонија, која е дел од посетите на трите земји кандидати за членство во ЕУ од регионот. Неговата посета на Западен Балкан доаѓа во време кога продолжуваат преговорите за проширување на ЕУ, соопшти Маричиќ, оценувајќи ја посетата како позитивен сигнал за европската перспектива на регионот и државата.
Во допис до медиумите од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Маричиќ соопштува дека на билатералните средби со ирскиот премиер Варадкар ќе се разговара за „локалните и регионалните безбедносни прашања“, како и за процесите што се во тек за членство во Европската Унија.
-Тема на разговор ќе бидат реформите потребни за влез во ЕУ, „предизвиците на Западен Балкан“, војната во Украина и Газа се дел од темите за кои ќе се разговара и на билатералните средби, како и споделувањето на искуството и знаењето за тоа како побрзо да стасаме до Европската Унија, се наведува во соопштението од СЕП.
Освен со вицепремиерот Маричиќ, ирскиот премиер попладне треба да се сретне со премиерот Димитар Ковачевски по што е планирана и заедничка прес-конференција. Ирскиот премиер ќе оствари средба и со претседателот на државата Стево Пендаровски.
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
