Македонија
26. September 2023 - 8:15

Вицепремиерката Грковска во работна посета на Словенија

Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска е во работна посета на Република Словенија каде ќе оствари средби со словенечките министерки за дигитална трансформација, Емилија Стојменова Дух и за правда Доминика Шварц Пипан, како и со потпретседателката на Судскиот совет д-р Уршка Кежмах.

Грковска вчера присуствуваше на приемот организиран од нашата Амбасада во Словенија по повод 30 годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји и отворањето на Амбасадата во Љубљана, која беше првото дипломатско претставништво отворено по прогласувањето на независноста на државата.