-->
-->
Веселин Вујовиќ: Металург има силен тим, ќе биде тешко
-->

Екипата на Загреб е разнишана од трите последователни порази во Лигата на шампионите, каде очекуваа добра сезона, и токму во овој момент и гостува Металург. Токму против нашиот тим тренерот на Загреб Веселин Вујовиќ очекува пресврт и излез од тешкиот период во кој се наоѓа неговиот тим.
“Поразот против Кристијанштад ми падна многу тешко и генерално мојата екипа не е во најдобра форма. Сепак, верувам дека мојата екипа и јас брзо ќе најдеме начин да излеземе од овој тежок период во кој што се наоѓаме и дека ќе почнеме да играме многу подобро. Што се однесува до Металург, тој оваа сезона покажа дека е цврст тим. Лино Червар има свој систем и сигурно дека Металург ќе биде незгоден противник. Ќе се обидеме да одмориме некои од своите ракометари, бидејќи саботниот натпревар против Мешков ни е од огромно значење. Миклавчиќ се уште има проблем со коленото, Тончи Валчиќ со грбот, а Цингесар со зглобот, но сите тренираат и сите се свесни дека, во ситуацијата во која сме, треба да го дадеме најдоброто од себе и да се извлечеме од ситуацијата во која што сме“, вели Веселин Вујовиќ.
Слично размислува и повратникот во тимот Лука Шебетиќ:
“Се враќам по подолга пауза и тешко ми е, бидејќи сакам што повеќе да и помогнам на мојата екипа. Загреб е во тешка ситуација, по сите овие порази, и нашата цел е со добрата игра и со победата против Металург да ја вратиме самодовербата и да ја подобриме атмосферата пред средбата со Мешков Брест во Лигата на шампионите“, изјави Шебетиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија
-

Путин ја обвини Украина дека ги минира мировните преговори
-

Елиминиран освојувачот на Купот Вардар - полуфинале за второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново
-

Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата
-

Жителите на Старо Нагоричане се вознемирени поради можноста во нивната околина да постои сериски убиец
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
