Верниците од исламска вероисповед денес го слават Курбан Бајрам
Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах.
Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност, а тие кои принеле жртва, потоа им раздаваат од месото на сиромашните, соседите и на роднините. Курбан Бајрам трае три дена. Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот.
Првиот ден од Курбан Бајрам, 28 јуни, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Почина познатиот режисер Дејвид Линч на 78-годишна возраст
-
Нападнат затвореник во Идризово
-
Николоски: За десетина дена пуштивме во сообраќај 42 километри нови експресни патишта
-
Додека се снимал за ТикТок врз цистерна доживеал струен удар 17-годишник во Кисела Вода
-
Во Скопје две лица се повредиле на работа и се пренесени на клиничкиот центар
-
Најмалку две лица убиени во училиште во Словачка
-
Политико: Десничарските популисти на списокот гости за инаугурацијата на Трамп
-
Началникот на Генералштабот на Армијата Лафчиски на Конференција на Воениот комитет на НАТО