-->
-->
Велика Британија почна да го повлекува персоналот од амбасадата во Украина
-->
Велика Британија почна да го повлекува персоналот од својата амбасада во Украина, по предупредувањата за руска инвазија, објави Би-Би-Си.
Официјални лица наведуваат дека нема конкретна закана за британските дипломати, но дека половина од вработените во дипломатската мисија во Киев ќе се вратат во Британија.
Одлуката на Велика Британија уследи откако САД им наложија на семејствата на вработените во американската амбасада во Киев да ја напуштат Украина, тврдејќи дека Русија може да ја нападне Украина во секое време.
Русија негира дека планира каква било воена акција во Украина.
Европската унија, за разлика од САД и Велика Британија, одлучи засега да не го повлекува дипломатскиот персонал од Украина. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, рече дека нема да ги „драматизира“ тензиите, дека ЕУ не гледа причина за такво нешто и оти ќе побараат објаснување од САД за таквиот потег.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат