Свет
26. February 2017 - 14:30

Велика Британија му доставува на Египет кредитни гаранции во износ од 150 милиони долари

Велика Британија се согласи да му достави банкарски гаранции на Египет во вредност од 150 милиони долари.

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон се наоѓа во посета на Египет, прв пат во својство на сегашната функција. 

Во соопштението на британското Министерство за надворешни работи од синоќа се посочува дека Џонсон и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси разговарале за британската поддршка за египетската економија, вклучувајќи и соработка во сферата на воздухопловната безбедност, борбата против тероризмот и решавањето на регионалните конфликти, особено во Либија и Сирија.

Министерството додава дека биле дискутирани и прашања, поврзани со човековите права и со позитивните страни на отвореното општество за подобрување на стабилноста и поттикот на економскиот развој. 

Велика Британија вети дека ќе го зајакне партнерството меѓу универзитетите и обуката на наставниот кадар, ќе го зголеми финансирањето на економскиот развој и социјалните програми.