Вехабисти осомничени за тероризам ја тужат БиХ
Група вехабисти, кои босанските власти ги осомничија дека подготвувале терористички напади во Сараево за време на ланските новогодишни празници, најавија дека ќе ја тужат државата Босна и Херцеговина за „нанесени морални и метеријални штети“, објави сараевскиот весник „Дневни Аваз“.
По налог на Јавното обвинителство на БиХ, во декември 2015 година босанската полиција уапси 11 вехабисти под сомнеж дека подготвуваат терористички напади.
Јавниот обвинител на БиХ, Дубравко Чампара тогаш обвини дека осомничените се „опасни терористи, кои планирале убиство на најмалку 100 лица“.
Врз основа на ваквото обвинение, Судот на осуммина од вехабистите им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
По речиси една година, Јавното обвинителство се откажа од натамошен прогон на осомничените, со образложение дека „нема основа за покренување обвиненија против нив“.
Поради ова, како што наведува „Дневни аваз“, 11-мината вехабисти сега најавуваат дека ќе поднесат тужба против државата за поткопување на нивниот углед, нагласувајќи дека повеќето од нив останале без работи поради ваквите неосновани обвинувања.
Според податоците на безбедносните служби на БиХ, во земјата постојат 22 вехабиски заедници, кои го практикуваат традиционалното конзервативно исламско учење и кои одбиваат да се приклучат кон Исламската верска заедница на Босна и Херцеговина.
Ново на Сител
-
На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36
-
Јужнокорејско разузнавање: Околу 300 севернокорејски војници загинале во борбите против Украина
-
Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово
-
НИС: Трамп ќе бара средба со Ким за да постигне „мал договор“
-
Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал
-
Седници на три собраниски комисии
-
Милановиќ во победничкиот говор: Ова е признание за мене и мојата работа, но и порака до власта
-
Најмалку 24 загинати во пожарите во Лос Анџелес