Македонија
20. March 2023 - 16:33

Вечерва „настан без преседан“ во организација на ДУИ во Чаир

Со голем митинг во Чаир ДУИ и официјално ја сели битката со Огнената група на теренот на Меџити. Артан Груби најави невиден спектакл на кој Ахмети ќе ја креирал иднината. Им порача на граѓаните да не дозволат други да им го раскажуваат говорот на како што рече националниот лидер на Албанците. Тој пак, во пресрет на митингот повторно пееше на социјалните мрежи

Премиерот денеска им посака среќа

Но митинзите на владејачките партии надвор од предизборните кампањи во земјава одaмна не се нормална работа и кон нив партиите најчесто се вртат секогаш кога имаат проблеми со легитимитетот. Додека СДСМ заостанува двојно со рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, анкета меѓу етничките Албанци покажува дека мнозинството од нив во битката во ДУИ стојат зад Меџити.

Истражувањето кое го објави Алсат спроведено минатиот месец меѓу 1065 етнички Албанци покажува дека Меџити е најпосакуван за иден лидер на ДУИ. Според истата анкета, Меџити е веднаш зад Ахмети на листата политичари за кои граѓаните имаат најпозитивно мислење. За него позитивно се изјасниле над 43% од анкетираните за разлика од Груби за кого близу 60% од етничките Албанци имаат негативно мислење. Според истата анкета двојно поголемо мнозинство од етничките Албанци смета дека огнената група води фер и принципиелна битка.

Случајно или не, митингот на ДУИ се одржува во истата сала која на крајот на минатиот месец огнените ја наполнија до последно место.