Македонија
30. May 2016 - 12:21

Ваучери за новороденчиња во Кисела Вода

Општина Кисела Вода денеска врачи ваучери во вредност од 6.000 денари за 55 новороденчиња.

Проектот е дел од програмата од социјална сфера на општината.  Целта, како што соопштуваат од Кисела Вода, е да им помогне на новите родители од овој дел на градот за оние први потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето и ги опфаќа семејствата каде двата родитела се со живеалиште на територија на општина Кисела.

Во рамки на проектот досега се доделени вкупно 1446 варучеи.

Ново на Сител