Василевска: Крајно време е Јавното обвинителство да се охрабри и да побара притвор за Рашковски

Господине Заев се правите при очи слеп, a при уши глув. Бидејќи велите дека првин сакате да ги слушнете снимките, па да побарате оставка од Рашковски, во продолжение ќе го емитуваме аудио материјалот кој излезе во медиумите, а кој индицира на криминал тежок 7 милиони евра.
Да слушнеме:
Господине Заев, да имавте барем, „е“ од европските вредности кои не ги вадевте од уста, ќе побаравте оставка од Рашковски и истрага за случајот и тоа веднаш.
Аудио материјалот, кој беше објавен во медиумите, ќе биде проследен до сите медиуми по оваа прес конференција, за да може господинот Заев да го слушне. Доколку и по денешната прес конференција и пуштањето на аудио материјалот, Заев не побара оставка од Рашковски се потврдува веќе кажаното од наша страна, дека Рашковски работи исклучиво по насока на Зоран Заев и дека авантата од 7 милиони евра е договарана во име и за лична корист на Заев.
Имајќи ја предвид сериозноста на случајот, како и чувствителноста на истиот сметаме дека е крајно време Јавното обвинителство да се охрабри и да побара притвор за Рашковски.
Индициите се дека Рашковски извршил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 со што му се заканува казна затвор од над 5 години затвор.
Дополнително повеќе треба да се реагира, ако се земат во предвид обвинувањата на Ваљон Беља, економски директор на Клиничкиот центар во Скопје, кој кажа дека Рашковски е вмешан и со земање мито од тендери во здравството.
Дали Рашковски е главниот собирач на рекет и мито за Зоран Заев, дали ја имаме новата парола на Заев – „едно евро за Вицето, едно евро за Рашко“?
Одговори мора да има. Одговорност уште повеќе.
Ново на Сител
-

Алиу: Министерството за здравство нема да дозволи ниту еден пациент со ретка болест да чека ниту ден за лекови
-

Интернет услугите во Иран речиси целосно прекинати
-

Пентагон ја нарече операцијата во Иран „Епски гнев“
-

На албанско-грчката граница спречен шверц на 350 килограми марихуана
-

Сирени одекнуваат низ северен Израел додека се случува ирански балистички ракетен напад
-

ИДФ: Иран возвраќа, детектирани ракети кон Израел
-

Воздушниот простор над Израел затворен за цивилни летови, МНРиНТ и Амбасадата во Тел Авив апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош
-

„47 години Иран скандира Смрт за Америка“: Трамп го потврди нападот, Иран подготвува одмазда
