Варвициотис: Веруваме во проширувањето на ЕУ
Во однос на Скопје, нашата цел е да ги нормализираме негативните последици од Договорот од Преспа што се однесува на грчките производи, користењето на името Македонија итн, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во интервјуто за грчкото радио „Атина984“.
Алтернативниот шеф на грчката дипломатија говорејќи за европската перспектива на земјите од регионот, вели дека Грција го поддржува проширувањето на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.
-Нашата национална политика беше и останува иста, ние веруваме во проширувањето на Европа во нашето соседство, но ова не може да биде на товар на нашите национални интереси и не може да биде со брзање без да се исполнат основните предуслови, вели алтернативниот МНР на Грција за радиото на општина Атина.
Варвициотис објаснува дека конкретно за Северна Македонија и за Албанија, позицијата на Атина е дека било која земја кандидат за интеграција треба да ги исполнува основните предуслови, како што е владеење на правото, правна власт што е различна од извршната итн.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд