-->
-->
Вардар остана без победа во Веспрем
-->
Македонскиот ракометен шампион Вардар попладнево одигра нерешено 30:30 во реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите на гостувањето кај Веспрем и по поразот на домашен терен пред седум дена со 29:26 не успеа да се пласира на „завршниот турнир“ во Келн. Ова за „вардарци“ беше трета можност да играат во полуфиналето од Лигата на шампионите, но трета година по ред се запрени во четвртфиналето.
Вардар добро го почна натпреварот и по 1:1 во 10.минута нашиот шампион имаше водство од 6:2. Оваа предност од четири разлика нашиот шампион ја имаше уште трипати во првиот дел – 10:6 (17.минута); 13:9 (27) и 14:10 (28). До крајот на првиот дел Веспрем успеа да намали на 12:14.
Домашниот тим подобро го почна второто полувреме и веќе во 34.минута изедначи на 15:15. Подемот во играта кај Веспрем продолжи и во 40.минута домаќинот за првпат поведе со 19:18. Унгарскиот првак имаше постојано водство од еден гол разлика до 57.минута, кога Вардар повторно поведе, но немаше сили и време за посакуваната победа од три голови разлика.На крајот натпреварот заврши без победник 30:30.
Најефикасни кај Веспрем беа Момир Илиќ со 9 голови и Ласло Наѓ со 7, додека кај Вардар најпрецизни беа Алекс Душебаев со 5, додека Лука Циндриќ и Данил Шишкарев постигнаа по 4.
Мирко Алиловиќ кај Веспрем имаше 12 одбрани, а Арпад Штербик кај Вардар 8.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото