Вардар 1961 победнички стартуваше во СЕХА лигата
Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 со победа ја започна новата сезона во регионалната СЕХА лига, откако вечерва славеше во Скопје над актуелниот лидер во српското првенство Војводина со 25:21 (15:10)
Вардар веќе во воведните десет минути на мечот во салата „Јане Сандански“ стигна до сигурна предност од пет голови разлика (6:1) што ја одржа до полувремето (15:10).
Продолжението не донесе резултатска неизвесност и ракометарите на Вардар рутински го приведоа мечот во сигурна завршница за први бодови во СЕХА лигата, во рамки на третото коло.
Најефикасни во редовите на Вардар беа Гоце Георгиевски и Тимур Дибиров со по четири голови, додека Борко Ристовски имаше десет обрани на голот.
Македонскиот првак својот втор натпревар во Б-групата ќе го игра на 1 февруари, повторно на домашен терен, против хрватскиот претставник Нексе.
Ново на Сител
-
Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид
-
Реал Мадрид одби средба со раководството на судиите
-
Опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност
-
Пронајдени телата на сите 67 жртви од авионската несреќа во Вашингтон
-
Аргентина ќе го следи американскиот пример и ќе ја напушти СЗО
-
Приведен поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески
-
Делегација од Бирото за јавна безбедност при МВР во посета на Генералниот Секретар на Интерпол
-
Украинските падобранци заробиле 21 руски војник во Курск