Вандали уништуваат урбана опрема во Делчево

Вандали повторно уништуваат јавен имот во Делчево. Во последниот случај на мета на вандалите бил летниковец во близина на детското игралиште во населбата Милково Брдо. Вандалскиот чин е пријавен до надлежните и до Јавното претпријатие за комунална дејност „Брегалница“, од каде информираа дека нивни екипи се на терен за санација на оштетениот летниковец.
– Ова не е прв пат да се случуваат вакви девијантни појави, кршењето на инвентарот е само еден од случаите, за кој некој мора да понесе одговорност. Дали се работи за пијани млади лица или е во прашање нешто друго, не можеме да потврдиме, но факт е дека таквата појава се повторува и мора да се санкционира, информираа од претпријатието.
Тие додаваат дека вандалскиот чин е пријавен до надлежните, по што очекуваат брза разрешница и фаќање на сторителите.
Реакција за вандалскиот чин, денеска имаше и од Општина Делчево.
– Уништувањето на урбаната опрема значи уништување на јавни добра купени со буџетски средства на Општина Делчево. Од тој аспект, граѓаните треба да се сами свесни дека со уништување на урбаната опрема во градот, самите себеси си прават штета, а во конкретниот случај уништуваат детското катче и им ја скратуваат играта на децата за кого се наменети поставените реквизити, додадоа од Општината.
Осудувајќи го чинот на вандализам, од Општината испратија апел до граѓаните да се грижат за општинскиот имот и потсетија дека согласно актуелните законски одредби, забрането е уништување на урбана и друга опрема, за што е предвидена мандатна казна за сторителите која изнесува 200 евра во денарска противвредност.
Ново на Сител
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Основците по неколку часа на ден гледаат содржини на телефон, до осмо одделение речиси престануваат да читаат книги
-

„Онкологија“: Вештакот од Србија укажува на пропусти во лекувањето и недоволно следење на пациентите
-

Случај „Ивана и Катја“: Стојанче барал 30.000 евра за да се повлече од станот, сведочеше братот на Ивана
-

Иран погуби младо момче кое учествувало во антивладините протести
-

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
