Македонија
29. March 2023 - 16:44

Ван дер Белен од Скопје: Да не се драматизираат уставните измени

Уставните измени и патот на Македонија кон ЕУ во фокусот на посетата  на австрискиот престедател Ван Дер Белен на Македонија.  Австриецот им порача на Македонците да не губат време  и да не го иуспуштат актулениот  моментот на засилен интерес на Унијата за Западен Балкан. Според него промената на уставот е чекор кој не треба да се драматизира, а околу стратешките цели треба, по примерот на Хрватска,  да се напарави консензус од сите политички факори, порача шефот на австриската држава.

Во обракањето пред Парламент истакна дека ги разбира фрустрациите поради условувањата и отстапките , низ кои  посочи дека поминала и Австрија кога станувала членка на ЕУ. Ги повика пратениците од власта и опозицијата да бидат конструктивни за да се зачува националниот интерес и не се разедини земјата.

И Пендаровски со барање да се разговара со опозицијата за да се дојде до 2/3 мнозинство за промена на Уставот. Тој порача дека преговарачката рамка е готова работа и се кое вракање назад значи нови блокади. За Пендаровски не постои план б, освен оној кој веке сме го прифатиле со францускиот предлог.

 Сигурно нема државата да пропадне ако го вклучиме и бугарското малцинство, коешто брои околу 3.500 граѓани во РС.

Ван Дер Белен во Македонија пристигна со голема делегација, во која се и  околу 30 претставници на австриски компании кои на средба со македонскиот бизинис сектор ке разговарат за зајакнување на   економската соработка, како и за евентуални нови инвестиции во земјава.