-->
-->
Вака изгледал три дена пред смртта: Потресни впечатоци од прјателката на Маринко Маџгаљ!
-->
Актерот Маринко Маџгаљ почина пред два дена на 37 години по борбата со рак на панкреасот.
Актерката, а пред се пријателка на починатиот Маринко, Тамара Крцуновиќ, гостувајќи во утринската програма на ТВ Пинк, не можеше да ги сокрие солзите. Таа сепак собра сили да зборува за својот пријател.
Објасни дека последен пат го видела неодамна.
- Јас го видов 3 дена пред да почине, мене тогаш ми делуваше како најубав на светот. Едноставно е така, изјави Тамара.
- Маринко беше затворен човек. Мислам дека луѓето токму поради тоа и го обожаваа. Го имаше тој дар да ги разбира сите луѓе, веројатно поради својата затвореност. Поради таа причина и публиката го препознаваше. Беше голем човек фокусиран на луѓето околу себе. Околу него се чувствуваше позитивна енергија и денес ми е многу тешко, низ солзи раскажуваше Тамара, и додаде дека од него не можела да се слушне ниту еден лош збор упатен на туѓа сметка.
На крајот од разговот таа истакнала како Маринко најверојатно сакал да се однесуваат неговите најблиски денес.
- Тој низ животот правеше се да биде лесно. Кога се бореше со лошата болест, правеше се за да ни олесни на нас. Тоа истото би го правел и денес, заврши Тамара.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ФИФА го казни Шкупи
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка