Вајгл, Флекенштајн и Кукан во понеделник во Скопје
Европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан во понеделник во Скопје ќе учествуваат на 13. Конференција на Парламентарните комисии за европски прашања/интеграции на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација од ЈИЕ - Косап.
Засега нема информации дали тројцата пратеници ќе имаат официјални средби со претставници на парламентарните партии. Од канцеларијата на Вајгл во ЕП информираат дека во неговата агенда е само Косап.
Европратениците беа иницијатори на идејата за разговори во куќата на Жан Моне во Париз, но средбата на претставници на парламентарните групи беше одложен. Вајгл на крајот на јануари во интервју за МИА кажа дека тројцата пратеници решиле во февруари да дојдат во Македонија и дефинитивно да го договорат новиот датум на првиот состанок и темите кои би биле усогласени за тој состанок. Првиот предвиден термин, минатиот месец, пропадна бидејќи европратениците не добија потврда од ВМРО-ДПМНЕ, која беше во процедура на избор на ново раководство.
Вајгл, Флекенштајн и Кукан ќе бидат гости говорници на конференцијата која ќе има две сесии и тоа за Европските перспективи на Западен Балкан и владеењето на правото во Западен Балкан.
На отворањето ќе зборува претседателот на Собранието Талат Џафери, а како гости говорници на сесиите се најавени и евроамбасадорот Самуел Жбогар, Кристијан Вигенин, претседател на Комисијата за европски прашања и контрола на Европските фондови, амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли, како и министрите за надворешни и за правда на Македонија Никола Димитров и Билен Салији.
На конференцијата, како што е најавено, ќе биде усвоена заедничка изјава
Ново на Сител
-
Вработена во основно училиште пријавила дека била нападната од ученик
-
Жената која беше пријавена за исчезната, пронајдена почината
-
Федерер за последниот натпревар: Му кажав работи на Ѓоковиќ кои го разнежнија
-
Пакистан подготвен за мир ако Индија ги запре воените дејства, вели министерот Дар
-
Макрон во Киев: Подготвени сме да помогнеме ако има прекин на огнот од 30 дена
-
Тошковски за пожарот во Кочани: Во моментов се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со кривичниот настан
-
Токсичен облак кај Барселона: Властите апелираат граѓаните да не излегуваат надвор
-
Трамп потпиша извршна наредба за почеток на програма за самодепортација