Вајгел, Флекенштајн, Кукан:Забележуваме нова динамика во земјата и на патот во ЕУ
Политичкиот дијалог е неопходен за напредување на патот на итните реформи и за подобрување на парламентарната култура и атмосферата во Собранието, се вели во заедничката изјава на европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан по средбата со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, лидерите на политичките партии и координаторите на парламентарните политички партии.
Европратениците, посочуваат дека на средбите, ја изразиле својата постојана поддршка за дијалог меѓу политичките партии, особено за реформската агенда неопходна за членството на земјата во ЕУ и за ефективното институционално функционирање на Собранието.
- Спикерот и политичките партии ја поздравија посветеноста на Европскиот Парламент и нашите предлози за поддршка на дијалогот и барањето на компромиси кои се дел од сите ефективни и модерни парламентарни институции. Разговаравме како да го унапредиме политичкиот дијалог во Собранието и го поддржиме градењето капацитети за вработените и членовите на Парламентот, вклучително преку техничка експертиза поддржана од Европската комисија, се вели во заедничката изјава на тројцата европратеници.
Во нашата работа со еврокомесарот Хан, се вели во соопштението, секогаш ја покажуваме нашата солидарност да работиме со Собранието за поддршка на државата на патот кон Европска интеграција.
- По средбите забележуваме нова динамика напред во земјата. Задоволни сме од интересот искажан од спикерот и лидерите на политичките партии за вклучување во дијалог за работите од стратешка важност за земјата и нејзините граѓани, вклучително за реформите неопходни за напредок на патот за евроинтеграција. Во пресрет на локалните избори, ги охрабруваме сите политички претставници и институции да се однесуваат одговорно и да обезбедат еднакви услови за сите граѓани да ги исполнат слободно своите демократски права, се наведува во заедничкото соопштение на европратенците Вајгл, Флекенштајн и Кукан.
Ново на Сител
-
Двајца Срби пробале да шверцаат 23000 кутии цигари во земјава - добија парична казна и протерување од државата
-
Во август 280 одобренија за градење, од кои 179 за високоградба, предвидени 646 станови
-
Битолчанка измамена за 27.000 евра со веќе познатата измама за наводна „сообраќајна несреќа“
-
Ѓорѓиевски ветува дека за 72 часа ако стане градоначалник на Скопје ќе го реши пробемот со сметот
-
Од вторник температури над просекот за овој период од годината
-
Спречено криумчарење на 11 златни монети вредни девет илјади евра | ФОТО
-
Од почетокот на седмицата уапсено 21 лице, а констатирани 2.131 сообраќајни прекршоци
-
Возел 92 км на час на место каде што е дозволено 40