В понеделник резултати од конкурсот за студентски стипендии
Резултатите од конкурсот за доделување студентски стипендии ќе бидат објавени в понеделник, соопшти заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов. На седницата на пратенички прашања тој од опозициската партија беше прашан за критериумите за добивање студентски стипендии и кој и како одлучува за скапите стипендии за студии во странство.
-Резултатите за студентски стипендии ќе излезат во понеделник и јавноста ќе може да дознае кој каква стипендија добил, по која основа итн. Околу три илјади студентски стипендии годишно се доделуваат во еден комплициран процес во кој најпрво треба да аплицирате електронски, да добиете бројче, да поднесете едночудо документи кои може да ве кандидираат, а потоа да влезете и во избор за стипендија, рече Атанасов.
На прашањето на пратеничката Слаѓана Митовска од ВМРО-ДПМНЕ рече ќе одговори писмено, додавајќи дека има голема недоверба меѓу пратениците од власта и опозицијата за многу прашања.
-Кога се работи за стипендиите за студенти има една специфичност – во законот се дадени проценти, колкави проценти, каква категорија студенти добиваат, а кога излегуваат конкурсите има бројки. И тука се поставува прашањето дали соодветствуваат бројките со процентите, рече Атанасов.
Соопшти и дека пред две недели Комисијата за образование, наука и спорт го променила Законот за стипендии и еден процент ќе бидат за студентите кои ќе се запишуваат на наставничките факултети. Од вкупниот број стипендии, 49 проценти се за социјалните категории.
Ново на Сител
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска

