Уживајте во убавата атмосфера и не возете под дејство на алкохол, апелира РСБСП
Уживајте во убавата атмосфера и не возете под дејство на алкохол, апелира Републичкиот совет за безбедност на патиштата на сообраќајот во пресрет на новогодишните празници.
Оттаму наведуваат дека околу една четвртина од сообраќајните незгоди со жртви и тешки повреди се поврзани со влијанието на алкохолот.
Алкохолот, велат од РСБСП, ги намалува возачките вештини и значително ја нарушува способноста за навремена реакција и рационалното пресудување во одредена ситуација. Дури и една чашка алкохол ги намалува прихофизичките способности за безбедно учество во сообраќајот.
– Алкохолот едноставно ве прави невешти, неспособни, но и агресивни во сообраќајот. Според истражувањата, возач додека управува возило, 70 проценти од движењата ги врши рефлексно, а одлуките ги носи спонтано на основа на запазување и регистрирање на ситуации. Затоа, никогаш немојте да консумирате алкохол кога управувате со возило или доколку веќе консумирате алкохол, немојте да управувате возило. Најлошо е да консумирате алкохол и да возите и да тврдите дека не сте во пијана состојба. Вие можеби во еден дел сте свесни за својот памет, меѓутоа не сте свесни дека рефлексите ви се намалени, посочува РСБСП.
Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возачот не смее да управува со возило во сообраќај на пат, ниту да започне да управува со возило, ако е под дејство на алкохол. Под дејство на алкохол, се смета лице, за кое ќе се утврди дека количината на алкохол во крвта изнесува повеќе од 0.50 г/кг. Толеранцијата на алкохол за возач-почетник е приближно еднаква на 0-‘нула’. Казнените санкции, во зависност од количината на алкохол во крвта, изнесуваат до 375 евра и забрана за управување возило до 12 месеци.
Ново на Сител
-
Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај
-
Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица
-
Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани