Ужасна фотографија покажува како кокаинот влијае на човечкото тело
Како кокаинот делува на човечкото тело покажал стоматологот Howard Farran кој на Facebook објавил фотографија од перфорација на непцата поради конзумирање на кокаин. За оние кои се двоумат сеуште дали да ја погледнат фотографијата, станува збор за голема дупка во непцата.
Под дејство на кокаин симпатичкиот нервен систен значително ги стеснува крвните садови низ целото тело, вклучувајќи ги и артериите кои праќаат крв во ткивото на носната шуплина. Последиците од ова стеснуваање, вклучуваат зголемување на крвниот притисок и намалување на крвта која може да помине низ крвните садови. Без потребната количина на крв, ткивото на носната шуплина е подложно на деструктивни промени.
Кокаинот исто така може да предизвика вознемиреност и параноја, може да ја влоши состојбата на постојните проблеми со менталното здравје, да предизвика напади и срцев удар, како и да ја уништи рскавицата во носот.
Ново на Сител
-
Лишена од слобода скопјанка барана со потерница
-
Владата на Косово го забрани Тик Ток во јавните институции
-
Хрватска смета дека е неприфатлива одлуката на Црна Гора да ја донесе Резолуцијата за геноцидот во Јасеновац
-
Поради градежни активности изменет режим на сообраќај во дел од Општина Аеродром
-
ЕУ ги дополни листите на санкционирани за поддршка на агресијата врз Украина
-
Пет лица загинаа во напад со дрон во руската област Курск
-
Единствениот реформски кандидат води на претседателските избори во Иран
-
Состојба на патиштатa