Утрово во Полициската станица Карпош скопјанка (58) пријави дека била измамена - двапати од ист човек, еве како

Утрово во 09.45 часот во Полициската станица Карпош, В.Г.(58) од Скопје пријавила дека во мај 2017 година во два наврати била измамена од лицето К.Ј. од Скопје, при што била оштетена за сума од 86.000 денари.
Првата измама ја сторил за набавка на лек за лекување на канцер. К.Ј. од пријавителката побарал и земал 400 евра за лекот.
Тој го набавил лекот, но пријавителката се сомнева дека лекот бил со сомнително потекло.
После тоа, К.Ј. во разговор со В.Г дознал дека не и решен статусот за пензија и ја убедил да му даде 1.000 евра за да може во најкраток рок да и го реши проблемот.
Од тогаш па до денес пријавителката неколку пати стапила во контакт со К.Ј. и тој и кажал дека требало да помине одреден временски период за целосно завршување на работата, и други разни изговори дека бил многу зафатен, по што заклучила дека е измамена.
Се преземаат мерки за расчиустување на случајот.
Ново на Сител
-

Почна големата акција „72 часа чисто Скопје“
-

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош
-

Сиљановска-Давкова прифати да биде покровителка на 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник
-

Забрана за користење на водата за пиење во Берово поради зголемено присуство на манган
-

Пожар над селото Арнакија во општина Сарај
-

Приведен директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството
-

Орбан: Унгарија ќе се бори Трамп да ја изземе од санкциите за руската нафта
