Утрото топло, попладне дожд и ветер
Минималната температура во целата земја е над нулата и се движела од четири до 11 степени. Најтопло било во Демир Капија со измерени 11 степени, а најниската температура во Струмица, Прилеп, Крушево и Маврово четири степени. Во Скопје на Зајчев Рид, Лазарополе и Ѓуриште се измерени пет степени, шест во Берово и Претор, седум во Тетово, Пожаране и Тополчани, осум во Виница, девет во Гевгелија и 10 во Битола, Дебар, Дојран, Крива Паланка, Охрид и Штип.
Дожд најмногу наврнало во Лазарополе 19 литри на метар квадратен во Маврово 18, во Дебар 16, во Пожаране 10, девет во Охрид, седум во Тетово и Претор, шест во Крушево, пет во Прилеп, четири во Дојран, три во Берово, Ѓуриште и Тополчани и еден во Скопје Зајчев Рид, Битола, Штип, Д.Капија, Виница, Струмица и Гевгелија.
Утрово времето е облачно со локални врнежи од дожд, претежно во западните делови. Дува умерен, а во средниот дел на Повардарието, во Пелагонија и на североистокот повремено и засилен ветер од јужен правец.
Во текот на денот ќе се задржи претежно облачно со врнежи од дожд, кој ќе се интензивираат во вечерните и ноќните часови. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, каде на места ќе наврнат над 35 л/м2. Врнежи од снег преку денот ќе има само на повисоките планини, а во текот на ноќта снежната граница ќе се спушти до околу 1500 м.н.в. Ќе дува засилен, на моменти силен јужен ветер со брзина и над 90км/ч. Температурата ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремен дожд, особено во вечерните и ноќните часови. Ќе дува засилен јужен ветер. Т-ра до 15 степени.
Утре наутро се уште ќе има локални врнежи, особено во јужните делови. Преку денот облачноста ќе се намали и ќе настапи преодно стабилизирање на времето, што ќе се задржи и во првиот ден од следната работна седмица
Ново на Сител
-

Мицкоски: Филипче е исплашен од исказите на Груби, многу луѓе се загрижени во овој момент
-

Мицкоски: Работиме на случаите со илегална дрога, ќе ја исчистиме државата од политичките криминалци
-

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни
-

Муцунски: Мораме да најдеме решение на предизвикот со Бугарија, но во рамки на нашите принципиелни позиции
-

Брза интервенција на ДПД-Пехчево спречи поголем пожар кај село Црник
-

Радман: Северна Македонија е подготвена и заслужува членство во ЕУ многу брзо
-

Јаневска: Крајно време е универзитетите и општеството да склучат договор дека ќе работат во полза на младите луѓе кои ќе останат да ја развиваат оваа држава
-

Фонд на ПИОМ: Управниот одбор ја усвои Завршната сметка на Фондот за 2025 година
