Македонија
24. November 2016 - 8:37

Утрото магла, денот ќе биде сончев и студен

Времето во Македонија на повисоките места ќе биде  сончево, а по котлините и речните долини магливо.

Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната од осум до 16 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде магливо и со појава на значително ниска облачност, а попладне облачноста делумно ќе се намали. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

И во петок ќе се задржи стабилно со магла и ниска облачност по котлините, но кон крајот на денот и во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а условите за магла ќе се намалат.

Од понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика значителен пад на температурата. Врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.