Утре прв лет Скопје – Софија
На Меѓународниот аеродром Скопје утре во 09.40 ќе слета авионот од Софија на авиокомпанијата „Гуливер“, со што ќе се реализира првиот лет на таа релација.
Со авионот во Скопје ќе пристигнат македонска и бугарска делегација предводени од министерот за транспорт Благој Бочварски и неговиот бугарски колега Благој Бочварски, како и туроператори од двете држави. Активностите ќе продолжат со состанок во Клубот на пратениците на кој треба да се разгледаат можностите и да се дефинирани деталите околу идното сообраќање на авиолинијата, која, според најавите, треба да биде редовна од следниот месец. Воедно треба да се утврдат и туристички пакети коишто ќе помогнат да се зголеми бројот на меѓусебните посети на туристи од двете држави.
Пред утрешниот лет денеска во Софија заседава меѓуресорската работна група за соработка во областа на инфраструктурата, транспортот и поврзувањето. Покрај Бочварски и Шабев учествуваат и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, како и бугарските вицепремиер и министер за регионален развој и јавни работи Гроздан Караџов, и за енергетика Александар Николов. На состанокот се разгледуваат прашања од заеднички интерес во делот на патниот сообраќај, транспортната поврзаност и дигитализацијата.
Авионското поврзување меѓу двата главни града на Северна Македонија и Бугарија е првиот конкретен чекор на соработката што ја најавија по првата средба премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков што се одржа на 18 јануари годинава во Скопје. Една недела подоцна, на 25 јануари, двете влади во Софија одржаа заедничка седница и потпишаа два документа за зајакнување на инфраструктурното поврзување на двете земји, за директна авиолинија Скопје – Софија и за железничкиот Коридор 8.
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
