Утре и задутре без струја повеќе скопски општини
Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без струја утре и задутре ќе останат дел од општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сарај и Карпош.
Како што информираат од РЦУК Скопје, утре без струја од 9 до 11 часот ќе бидат потрошувачите од улиците бр. 9 и 10 во село Идризово, во општина Гази Баба, од 9 до 14:30 часот, корисниците од дел од улицата „Киро Фетак“ во населба Драчево. Улиците „Александар Мартулков“ и „Крсте Гермов – Шакир“ во Ѓорче Петров ќе бидат без струја од 9 до 15 часот, од 12 до 14 часот без струја ќе биде улицата „Милан Мијалковиќ“ во околината на куќен број 3, во Кисела Вода, и од 12 до 16 часот дел од улиците „Балканска“ и „Жил Верн“, корисниците кои се напојуваат од воздушната мрежа во Кисела Вода.
Задутре од 8 до 15 часот без струја ќе бидат потрошувачите од улица „Лазар Поп Трајков“, броеви 25, 27, 29, 31 и 33 во општина Гази Баба, од 8:45 до 10:30 часот, корисниците од селата: Арнакија, Буковиќ, Ласкарци, Семениште, Паничари, Чајлане и Раовиќ во општина Сарај, а од 9 до 14 часот, корисниците од село Крушопек, исто така, во Сарај. Од 10 до 14 часот без струја ќе биде и дел од од улицата „Варшавска“ во општина Карпош.
Ново на Сител
-

Операција „Филтер“: Паѓа организирана група за шверц на цигари, Царинската управа врши претреси на над 20 локации
-

Вкупно 24 пожари изминатото деноноќие, еден е под контрола, останатите изгаснати
-

Роналдо: Децата ме сакаат, бидејќи ме гледаат како пример за углед
-

За осум месеци 34 помалку загинати и 863 помалку настрадани лица во сообраќајни незгоди
-

Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк
-

Млади лидери од 15 држави на 24. Меѓународна младинска конференција во Крушево
-

Вучиќ во ОН: Србија ги поддржува постапките на Трамп, тој придонесува за пофер поредок во светот
-

Шји Џјинпинг: Кина и САД треба да бидат партнери, а не ривали
