Уставен суд: Свечените изјави на членовите на општинските совети да се даваат со уставното име

Министерството за локална самоуправа информира дека Уставниот суд ја отфрлил иницијативата и потврдил дека свечените изјави на конститутивната седница, членовите на советите на општините ги даваат и ги потпишуваат со уставното име на државата.
-Со отфрлањето на иницијативата, Уставниот суд го потврди мислењето на Министерството за локална самоуправа доставено до општините дека свечените изјави на конститутивната седница, членовите на советите на општините ги даваат и ги потпишуваат со уставното име на државата. Со ова и формално се потврдува дека одбивањето на некои членови на општинските совети свечената изјава да ја дадат и да ја потпишат со уставното име на државата е спротивно на Уставот на Република Северна Македонија и на законот за локалната самоуправа, велат од Министерството за локална самоуправа.
Со Решение, Уставниот суд на Република Северна Македонија ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на одредби од Законот за локалната самоуправа коишто се однесуваат на името на државата, со што и формално е потврдено дека и покрај тоа што во Законот за локалната самоуправа стои „Република Македонија“, затоа што Законот е донесен во 2002 година, согласно член 2 став 1 од Уставниот закон за спроведување на амандманите на Уставот, при примената на прописите и другите акти на државните органи се користи уставното име на државата.
Иницијативата беше поднесена за оценување на уставноста на деловите од Законот за локалната самоуправа каде што стојат зборовите „Република Македонија“, информираат од Министерството за локална самоуправа.
Ново на Сител
-

Мисајловски: Имаме стабилна и безбедна ситуација, тоа што го прави претседателот Трамп за мирот го поздравуваме
-

Франција: Речиси 70.000 смртни случаи поради тутун, голем товар за јавното здравје
-

ЕП ја оневозможи вештачката интелигенција на таблетите на пратениците поради безбедност
-

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор од Прилеп
-

ОН: Откритијата во досиејата на Епстин може да претставуваат злосторства против човештвото
-

Ѓорѓиевски: Градежните активности се одвиваат во полн ек
-

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа
-

За една седмица „Безбеден град“ констатирал 4490 сообраќајни прекршоци, за 10% помалку од предходната седмица
