Македонија
12. April 2017 - 14:52

Усмртен добиток од струен удар во штала во Тетово

Две лица од Тетово претрпеле струен удар, а бик и коза биле усмртени во вчерашниот инцидент што се случил во штала во изградба во кругот на поранешниот Воспитно-поправен дом  во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите информации, тетовецот  Р.Р.(52), кој подоцна го пријавил случајот, околу 19 часот ја отворил влезната врата од шталата и почувствувал мал струен удар, а веднаш потоа биле усмртени неговиот бик и коза кои во меѓувреме влегле внатре во шталата.

Бикот и козата се обидел да ги спаси Л.Р.(52) кој се грижел за добитокот, но и тој почуствувал струен удар. Исплашен за неговиот живот Р.Р. го врзал со јаже за ногата и го излекол надвор. За среќа и двајцата поминале без посериозни здравствени последици. Извршен е комплетен увид и се утврдува причината за струјните удари во објектот, околностите во кои се случиле и се друго поврзано со тоа, информира Јосифовски.