Условна затворска казна за пребегнатите турски офицери во Грција
Судот во грчкиот град Александруполис ги осуди денеска осуммината турски офицери, кои со хеликоптер избегаа од Турција за време на обидот за државен удар, на условна казна од два месеца затвор.
Тие се обвинети за илегално влегување во земјата. Против седум е подигнато и обвинение за морално поттикнување на нелегален лет, а пилотот на хеликоптерот, кој го слета леталото на аеродромот во Александруполис, е обвинет за извршување на незаконски лет.
Офицерите, за кои турските власти бараат екстрадиција за да им суди воен суд во Турција поради нивно учество во обидот за пуч, побарале азил во Грција.
Турските офицери, меѓу кои има мајори, капетани и наредници, стравуваат за своите животи во нивната земја, велат нивните адвокати, особено по најавите на турски владини претставници дека смртната казна може да се врати за оние кои се прогласени за виновни за велепредавство.
Турскиот амбасадор во Атина, Керим Урас, повика да се екстрадираат турските офицери, истакнувајќи дека доколку тие не бидат вратени, тоа ќе им наштети на билатералните односи меѓу Атина и Анкара.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас избегнуваше јавни изјави за ова прашање.
По разговорите со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим, веднаш по обидот за државен удар, Ципрас рече дека грчките власти ќе ги испитаат барањата за азил од осуммината турски офицери, но со целосно почитување на меѓународните закони и договорите за човекови права.
Грчката Влада покажа неутрален став во однос на судството, во пресрет на денешното судење на турските офицери и во однос на грчката служба за азил која ќе ги разгледа нивните барања.
Ново на Сител
-
Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување
-
Највисока снежна покривка од 68 см во Маврови Анови, најмногу дожд во Крушево
-
Русија со дронови ги нападна Киев и Херсон
-
Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
-
Протест во Нови Сад по еден месец од трагедијата на железничката станица
-
Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни
-
Девојки од Бразил се проституирале во Џевахир за 150 до 800 евра
-
Триесетина села во Пелагонија без струја