Уште два потврдени случаи на коронавирус во Грција
Потврдени се уште два случаи на коронавирусот во Грција, еден кај детето на 38-годишната жена од Солун, другиот кај жена од Атина, која патувала во Италија, со што бројката на случаи во Грција се искачи на три, јави дописничката на МИА од Атина.
Портпаролот на Министерството за здравство на Грција и научен соработник во грчката Национална организација за јавно здравје, професорот Сотирис Циодрас, рече дека вториот случај во Солун е кај лице кое не патувало во Италија и е прво пренесување на коронавирусот.
-Во рамките на проверката на контактите на првиот случај, денеска, од надлежната лабораторија на Медицинскиот факултет во Солун, беше потврдено пренесување на вирусот на блиско роднинско лице на нашата сограѓанка, која беше првиот заразен случај. Конкретното лице не патувало во Италија. Преземени се сите неопходни мерки за останатите контакти, и испитувањата се негативни, рече професорот и додаде дека во рамките на третманот на случајот, од превентивни причини се препорачува затворање на 14 дена на основното училиште во Солун.
Во однос на третиот потврден случај, професорот Циодрас рече дека се проверуваат контактите на жената од Атина, која патувала во Италија, за да се преземат дополнителни мерки.
Министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас, на денешната прес конференција, рече дека се откажуваат сите карневали, меѓу кои и традиционалниот карневал во грчкиот град Патра што требаше да се одржат викендов.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати