Урсула фон дер Лајен: ЕК даде зелено светло за бугарскиот план за закрепнување
Европската комисија го одобри бугарскиот план за закрепнување и одржливост, изјави претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен во зградата на бугарската Влада за време на заедничката прес-конференција со премиерот Кирил Петков, на која беше претставен документот.
Според неа, бугарскиот план е исклучителен, бидејќи речиси 60 отсто од него е за поддршка на зелената транзиција.
Фон дер Лајен рече дека за ЕК е важно Бугарија да биде со ЕУ во оваа насока. Според неа, планот исполнува многу услови. По позитивната оценка за бугарскиот план, Урсула фон дер Лајен на премиерот Кирил Петков му врачи почесна плакета.
Тој соопшти дека Планот претставува 10 отсто од бугарската економија бидејќи предвидува инвестиции наспроти реформите во различни сектори. Овој план е остварлив, иновативен и реално ќе обезбеди модернизација на Бугарија, според Петков, тој и овозможува на земјата да обезбеди енергетска безбедност и да ги користи најновите технологии, да го отклучи потенцијалот на геотермалните извори, да користи минерална вода за енергија, како и да се реформира судството, и да се зајакне контролата врз јавниот обвинител на државата со назначување на судија кој ќе биде привремен обвинител, комисијата за конфискација на незаконски стекнат имот да се реформира и да почне со работа, како и да се модернизира бугарската железница и ќе се инвестира во образование, истражување и модернизација.
Планот вклучува 57 инвестиции и 47 реформи во 12 различни области кои треба да се спроведат до 2026 година. Бугарија ќе добие над 12 милијарди и 500 милиони лева (6.250 милијарди евра) од европско финансирање. Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен се заблагодари на бугарската Влада за помошта на украинските граѓани кои бараат засолниште од војната.
Повеќе од 70.000 бегалци од Украина се во Бугарија по руската инвазија врз нивната земја.
Ново на Сител
-
Почина осуденик во затворот К’шање
-
Над 200 илјади родители и старатели може да пристапат до Е-дневникот преку мобилна апликација
-
Објавен списокот на кошаркари за натпреварите со Естонија и Полска
-
Училиштата ќе добијат упатство за постапување во случај на хибридни закани
-
Маж и жена од Неготино меѓусебно се истепале па се пријавиле во полиција
-
Над 900 санкции за сообраќајни прекршоци за еден ден на територија на цела држава
-
Диско-гел, нова метода на третман на дискус хернија во болницата ,,8 септември"
-
Јаневска: Наставникот ќе одлучи дали да се користат телефони на часот, одлуката за нивна забрана ја носат општините