Урко барал од Груевски да се набави ново возило

Судењето за предметот „Тенк“ на СЈО денеска продолжи со сведочење на Дејан Митровски Урко, поранешен шеф на обезбедувањето на Никола Груевски.
Тој пред судот рече дека возилата за обезбедување ВИП личности честопати биле во дефект поради што се случувале многу непријатни ситуации. Старите возила, според него, преидзвикувале опасност за функционерите кои се превезувале, а и тој повеќепати имал вртоглавици. Кажа дека уште кога Груевски станал премиер побарал од него да биде набавено ново соодветно возило и тоа барање постојано го повторувал во изминатите неколку години.
Во „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Пред две рочишта Судот донесе одлука да ја раздвои постапката за Јанкулоска поради „ризична бременост“.
Ново на Сител
-

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше вреќи и кутии ѓубре во Радика
-

Во пожар во Шуто Оризари изгореа неколку објекти
-

Намален бројот на одобренија за градба
-

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител
-

Активни два пожара, четири се под контрола, а 25 изгаснати
-

Дваесет и пет години од најголемиот терористички напад врз САД на 11 септември
-

Опозицијата ќе поставува прашања на премиерот и на министрите
-

Трамп: Не се каам за војната со Иран и не верувам во зборот „каење“
